На Клиниката има хоспитализирано 16 годишна пациентка од тетовско која има развиено тешка клиничка слика, изјави директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ за ТВ Сител.

Таа има 16 години и развива една тешка ковид-презентација. Во моментов немаме сознанија дека има хронички болести, рече Стевановиќ.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана 17-годишната девојка од демирхисарското село Сопотница, која вчера почина на Инфективната клиника од ковид-19. Малолетничката лекувањето го почнала со матичниот лекар во Демир Хисар, по што била хоспитализирана во Битола, а починала на Инфективната клиника во Скопје каде девојката ја изгубила битката со вирусот.