Несреќата се случила на крстосницата на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул.Александар Урдаревски. Како што информираат од МВР, се судриле автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, автомобил форд галакси управуван од 17 – годишник од село Блаце, скопско и автомобил фолксваген голф. Возачот на голфот го напуштил местото на несреќата.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на фордот и неговиот 13-годишен брат. Седумнаесетгодишниот возач починал во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје.