На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 43 санкции, 10 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 15 мерки за непрописно престигнување и обиколување, 10 за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, четири мерки за нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.