По два потврдени случаи на сојот Омикрон оваа недела во кампусот Шатонеур на меѓународното училиште во Женева, Медицинските служби во Во и во Женева заеднички одлучија да ги стават во десетдневен карантин сите ученици и персоналот на кампусот – се наведува во соопштението на женевските власти.

Тестови треба да направат и родителите, браќата и сестрите на учениците.

Претходно беа регистирани неколку случаи на сојот Омикрон во пет швајцарски кантони и беше воведена забрана за влез на лица од Јужна Африка и карантин за патниците кои пристигнуваат од 23 држави, меѓу кои и Јапонија, Велика Британија и Канада.