Полицијата приведе 20 лица на музичкиот фестивал што викендов се одржуваше во Стар Дојран.
Како што информираа од МВР, меѓу приведените е и еден грчки државјанин.
„При преглед кај нив е пронајдена разновидна дрога. За случаите е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, овие зајакнати контроли, покрај соодветно санкционирање на овој тип кривични дела, имаат за цел и превенирање на недозволената продажба и употреба на наркотични средства меѓу младите, како најчести посетители на ваков тип музички манифестации.