Практикувањето власт за СДС значи единствено местење тендери за лични финансиски придобивки и задоволување на потребите на поединци од партиските кругови.

Тоа е вистинското лице на СДС, криминална матрица, афери, скандали, корупција и со секој изминат ден, ова се повеќе се потврдува.

Тие не управувале со државата за да го подобрат животот на граѓаните, да ја унапредат државата или економијата, тие државните институции гледале како на банкомат од каде парите завршувале во приватни џебови.

Покрај бројните случаи на наместени тендери за провизии кои завршувале во нечии длабоки џебови, го имаме и најновиот со Стефан Богоев, викан Богац, кој како директор на Царинска управа зел мито од 2.000 евра за да намести тендер за чистење на граничните премини, вреден 18 милиони денари.

Но, овие две илјади евра не се единствените кои Богац требало да ги земе за наместениот тендер, туку тие претставувале прва од неколкуте исплати кои требало да ги добие понатаму.

Според информациите со кои располагаме, митото, Богоев го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку вибер конверзација.

Спирковски – Џемо, како помошник директор ја застапувал фирмата која го добила тендерот вреден 18 милиони денари, договорил и финансиски подароци за тогашниот директор Богац, а само една од траншите кои требало да ги добие Богоев била во висина од над 110 илјади денари.

Македонската јавност има право и заслужува да знае, колкава била крајната сума која требало да ја добие поранешниот директор на Царина, Стефан Богоев за да го намести овој тендер за одржување на хигиената на граничните премини и терминалите вреден 18 милиони денари?

Освен ова, во прилепските кругови многу добро се знае кој е Џемо. Локален шериф, вагабонт, тепач на свои сограѓани кои не мислат како него, човек кој бил одговорен за поткупување на гласачи како главен кадровик и сива еминенција на огранокот на СДС во Прилеп.

Од другата страна го имаме несудениот наследник на Зоран Заев, детето на СДММ кој тргнал по стапките на неговиот ментор. Ако Заев земаше една евро за брат му, Богац зема илјадници, ама за него.

Во СДС може се да се случи само, само криминалната матрица, афери, скандали, тендери и провизии не се менува.