Петровиќ животот го загуби во сообраќајна несреќа на автопатот меѓу Нирнберг и Минхен, Германија.

Дражен Петровиќ последниот натпревар го одигра во дресот на Хрватска, против Словенија, квалификации за Европското првенство, турнир кој се играше во Вроцлав, Полска.

Неочекувано Петровиќ решил по натпреварот од Франкфурт да замине со автомобил заедно со девојката Клара и турската кошаркарка Хилал Едебал, иако сите други играчи останале во хотел да преноќат.

На пат за дома, Петровиќ со неговиот автомобил се заби во камион, тој излетал од автомобилот и го загуби животот, Едебал беше во кома, неговата девојка Клара мина со лесни повреди.

Дражен Петровиќ на 15 години дебитираше во првиот тим Шибенка, потоа следуваше трансфер во Цибона со која два пати го освои наслвот европски првак, со овој клуб победи во тогашна Југославија во која триумфирше и во Купот, на 19 години беше дел од репрезентацијата на Југославија на Олимписките игри во 1984 година.

Од Цибона замина кај Реал Мадрид, со „кралевите“ ја освои тројната круна, птоа се пресели во НБА, во екипата на Портланд.

Во Портланд се задржа две сезони и потоа стана играч на Њу Џерси каде го потврди својот квалитет.

Со селекцијата на Југославија во 1986 година на СП освои бронза, а четири години подоцна во Аргентина стигна и до златен медал. Со репрезентацијата на Хрватска освои сребрен медал на Олимписките игри во 1992 година во Барселона.