24.000 денари месечен надомест, обука и шанса за трајно вработување

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ќе ангажира 400 привремени пожарникари, кои ќе бидат распоредени во општинските Противпожарни бригади. Веста ја соопшти директорот Стојанче Ангелов, објаснувајќи дека избраните кандидати ќе добиваат месечен надомест од 24.000 денари, ќе поминат обука за гасење пожари, а најдобрите ќе добијат можност за трајно вработување.

Скопје ќе добие 100 пожарникари – планирана и специјална единица

  • „Ги повикувам оние кои бараат работа или сакаат работа со поголем предизвик да се пријават. Во Скопје е предвидено да бидат ангажирани околу 100 лица, кои ќе бидат вработени во тимовите за брз одговор за заштита и спасување, а најдобите од нив ќе бидат потоа вработени во новата единица која планираме да ја формираме и ќе се вика Специјална единица за заштита и спасување. Можеби оваа сума од 24.000 денари не е голема, но сите кои ќе се покажат ќе може трајно да бидат вработени во Бригадите за противпожарна заштита. Кандидатите треба да бидат психофизички здрави, а луѓе со хронички болести, срцеви болести, проблем со шеќер не е добро да се пријават на овие огласи“, порача Ангелов.

Огласите ќе ги распишуваат општините кои имаат формирани Противпожарни бригади, со исклучок на Струмица и Кочани, кои не се пријавиле на повикот на Владата.

Македонија има потреба од најмалку 1.500 пожарникари

Според директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, во моментов земјата располага со 700-800 активни пожарникари, додека стандардите налагаат по еден пожарникар на 1.500 жители – односно најмалку 1.500 пожарникари.

  • „Со овие вработувања пола од таа потребна бројка ќе се пополни“, изјави Перишиќ.

(ВИДЕО) ТРИ ХЕЛИКОПТЕРИ ГАСНАТ КАЈ БЛАЦЕ: Причината за пожарот е фрлен отпушок?

Старата механизација станува корисна во борбата со огнот

Владата вчера претстави 38 пренаменети армиски и полициски возила за гасење пожари. Стојанче Ангелов посочи дека некои од возилата веќе се активно користат, особено кај пожарот во Блаце, и се покажале како многу ефикасни.