Министерство за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека во дом на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Н.А.Л. (43) од Скопје.
Од страна на лекар била констатирана смрт, по што бил извршен увид на местото на настанот.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.
