Компанијата изразила интерес за купување на Нова, заедно со други компании како Saudi Telecom (STC), со седиште во Ријад, Саудиска Арабија, телекомуникациската група Etisalat од Абу Даби, меѓународниот инвестициски фонд PPF Групацијата со седиште во Холандија, австриската телекомуникациска компанија A1 Telekom Austria Group, американската инвестициска компанија Providence, исто така американската инвестициска компанија Warburg Pincus како и британскиот инвестициски фонд Apax Partners.
4iG поседува компании во Албанија и Црна Гора, ALBtelecom и Telenor, кои оперираат под брендот One. Во овие две земји има покрива над 2,2 милиони домаќинства и 400 000 бизнис клиенти.
Со најновите аквизиции во Унгарија во последниве години, вклучувајќи ги Vodafone Magyarország Zrt., DIGI Távközlési és Szolgáltató Kft., Invitech ICT Sevices Kft и HungaroDigitel, ја направија групата втора по големина телекомуникациска компанија во Унгарија, со вкупно околу 3 милиони и речиси 2 милиони корисници на фиксна линија.
Групацијата 4iG моментално има 28 подружници во 4 земји и вработува повеќе од 8 000 луѓе.