– Турција потпиша договор за набавка на 50 милиони дози Спутник V што треба да пристигнат во следните шест месеци. Првата испорака ќе биде во мај, рече турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на прес-конференција.
Оваа вест доаѓа во време кога Турција, која брзо започна кампања за вакцинација, значително ја забавила динамиката, поради недостаток на вакцини.
За тоа сведочи и фактот дека Коџа објави дека втората доза на вакцините Pfizer-BioNTech што ја користи Турција сега ќе се дава шест до осум недели по првата, наместо сегашните четири недели.
– Снабдувањето со вакцини ќе биде тешко во следните два месеци, но после тоа очекуваме да имаме доволно количество вакцини, рече министерот за здравство.
Турција, со околу 83 милиони жители, објави повеќе од 4,7 милиони нови инфекции со коронавирус и над 39 000 смртни случаи, покажуваат најновите официјални податоци.
Само 8,7 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината, претежно кинеската КоронаВак.
Поради новиот бран, владата во понеделникот објави скоро тринеделен целосен карантин од утре вечер.