63 годишен струмичанец загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во неговата семејна куќа во Струмица.
-Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на противпожарната единца во Струмица, Александар Гудев.