Во светот денеска се одбележува 8 Март. На овој ден се слави борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Осми март за Меѓународен ден на жената е прогласен од страна на Обединетите нации. За првпат е одбележан во 1909 година во САД. Цел е да се стави акцент на улогата на обичната жена во историјата, како и нејзината борба за еднаквост, правда, мир и развој.
Симболиката на овој празник треба да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите на работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално-политички статус во општеството. Борбата за изедначување на правата меѓу жените и мажите трае многу одамна.
Пред многу години ваквото движење го започнаа Клара Цеткин и Роза Луксембург кои го подигнаа гласот на овие теми.