Рацин загина на 13 јуни 1943 година во месноста Лопушник, кичевско, во близина на партизанската печатница. Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.
Телото на Рацин било погребано во близина на печатницата во Лопушник, од каде што, по ослободувањето, неговите посмртни останки биле пренесени во родниот Велес.
Кочо Рацин е и еден од основоположниците на современата македонска литература.
Најпознато негово дело е збирката песни “Бели мугри” која претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.
Роден е во Велес на 22 декември 1908 година.