Пожарникари успеаа да ги евакуираат патниците кои беа заглавени во возила под Стоковната куќа Мост во центарот на градот. Како што јави ЦУК, комбе со 15 патника останало во вода. Сите патници се извадени и засега нема информации за повредени лица.