На 24.01.2023 во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(30) од Велес.
Тој се сомничи дека околу 10.00 часот во една од просториите во зградата на Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“ на ул.„Лазо Осмаков“ во Велес одзел пари од чанта на една вработена.
М.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.