Претседателот на Владата, Зоран Заев, за ТВ21 изјави дека донесена е одлука за воведување на кризна состојба на Управувачкиот комитет, а утре наутро ќе се одржи седница на Влада каде што ќе се потврди таа одлука.
-Донесена е одлука за кризна состојба за 30 дена на Управувачкиот комитет, а утре сабајле во 08.30 часот ќе се одржи седница на Влада и ќе се донесе одлуката, посочил премиерот Заев за ТВ21.