На 15.09.2021 во 17:45 часот во с.Возарци, кавадаречко, полициски службеници од Оперативен тим од потраги го лишиле од слобода Б.Џ.(34) од с.Инџиково, скопско, кој се барал по потерница од Основен Суд-Скопје 1.
Се барал за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Кавадарци за понатамошна постапка.