Тој ги посочи недостатоците за време на досегашното владеење на Смилевски и проблемот со кој се соочуваат бутелчани, а тоа е поликлиниката која што Смислевски ја ветил, но не ја исполнил.
-Мене не ми треба комоција како градоначалник на Бутел, граѓаните на општина Бутел немаат абуланта. Господинот Смилевски и СДСМ им нудеа катастрофални решенија и во моментов се во една просторија од Втората светска војна, прокиснува и е кастастрофално! Јас веднаш ја нудам мојата канцеларија, т.е. целата општина за поликлиника. Од првиот ден ќе ја понудам на Министерството за здравство и администрацијата на општината ќе се пресели на некое друго место. До сега логиката на Смилевски беше граѓаните да се снаоѓаат каде да се лечат? – Не! Сега нека се снаоѓа администрацијата и ветувам дека ќе биде многу поуспешна од таа на Смилевски, а граѓаните ќе бидат на првото место. Ете им општинска зграда, ете им поликлиника од прв ден во Бутел, вели Костовски.
Костовски рече дека нему не му треба комоција во својот мандат и грижата за граѓаните му е на прво место и ќе ја понуди општинската зграда за поликлиника на Министерството за здравство, а општинската аминистрација ќе биде преселена во друг објект.