Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, е задоволен од она го постигна општината во досегашниот дел од мандатот кога станува збор за развој на локалниот спорт.

„За две години инвестиравме вкупно 51.000.000 денари за спорт, спортска инфраструктура и парковски површини. Општина Бутел е најспортска општина во Македонија, по однос на тој факт во посета ни дојде првиот човек на Светскиот оплимписки комитет, Томас Бах. Продолжуваме со забрзан развој. Пишуваме историја, градиме иднина“, напиша Костовски на Facebook.