Во период од 8 до 14 октомври починале 105 пациенти со Ковид-19, од кои над 75 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти од Ковид-19 во период од 8 до 14 октомври само 26 биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.
Од 26-те починати лица, двајца биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со „Астра Зенека“, четворица со „Синовак“, а 17 со „Синофарм“.
На 8 октомври пријавени за починати се 16 пациенти со Ковид-19. Од нив пет биле вакцинирани: тројца на возраст од 84, 62 и 78 години имале кардиолошко заболување, а двајца на возраст од 63 и 73 години имале кардиолошко заболување и дијабетес.
На 9 октомври пријавени за починати се 18 пациенти, од кои само еден бил вакциниран, имал 80 години и две хронични заболувања дијабетес и кардиолошко заболување.
На 10 октомври пријавени за починати се 14 пациенти. Од нив тројца биле вакцинирани: еден на возраст од 64 години имал кардиолошко и малигно заболување, еден на возраст од 59 години имал кардиолошко заболување и еден на возраст од 68 години имал кардиолошко заболување и дијабетес.
На 11 октомври пријавени за починати се 18 пациенти. Од нив шест биле вакцинирани: еден на возраст од 72 години имал кардиолошка и белодробна болест, еден на возраст од 69 години имал кардиолошка болест, еден на возраст од 81 години имал кардиолошка болест и дијабетес, двајца на возраст од 56 и 76 години имале кардиолошко заболување, и еден на возраст од 64 години имал белодробно заболување.
На 12 октомври пријавени за починати се шест пациенти од кои само еден бил вакциниран, имал 80 години и немал нема хронично заболување.
На 13 октомври пријавени за починати се 20 пациенти. Од нив осум биле вакцинирани: четворица на возраст од 48, 77, 78 и 80 години имале кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабетес, еден на возраст од 61 година имал кардиолошко заболување и хипотироидизам, еден на возраст од 72 години имал кардиолошко заболување, дијабетес и бубрежно заболување, еден на возраст од 77 години имал кардиолошко и белодробно заболување и еден на возраст од 71 година имал кардиолошко заболување.
На 14 октомври пријавени за починати се 13 пациенти. Од нив четворица биле вакцинирани: двајца на возраст од 64 и 74 години имале кардиолошко заболување и дијабетес, еден на возраст од 75 години имал кардиолошко заболување и еден на возраст од 77 години имал невромускуларно заболување, информираат од Министерството за здравство.