Кого владата на СДСМ упорно штити во автобуската несреќа? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали бизнисот со хероин кој го крие власта е причина за несреќата и 45 загинати патници во Бугарија? Никој во државата не одговара за сомнежите дека автобусот кој изгоре во Бугарија при што животот го загубија 45 наши сограѓани превезувал високозапаливи течности – киселини, кои се користат за производство на хероин. Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот? Зошто автобусот 140 пати поминувал граница без дозвола? Кој дозволувал 140 пати да се поминат сите контроли? Зошто и по неколку дена од несреќата нема одговорност, ниту одговори од владата и институциите во земјава, истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Кој во врвот на власта го штити Беса транс? Оставки веднаш! Додаваат од таму.