Некогашниот судија во Кривичниот Суд во Скопје а сега адвокат Владимир Туфегџиќ на социјалните мрежи оценува дека СДСМ станала партија за жалење.

ОФИЦИЈАЛНО: СДСМ го исклучи Петре Шилегов

Туфекџиќ чија ќерка беше пратеник на СДСМ за време на првата влада на Заев реагира на одлуката за исклучување на Петре Шилегов од редовите на СДСМ.

„Денеска на денот на најголемата и најстрашната трагедија во Македонија СДС на нашата земја немале попаметна работа освен да свикаат итен состанок за да се занимаваат со Петре Шилегов. Станавте партија за жалење, не сте веќе ни шала ни комшика” напиша Туфегџиќ.

Претходно Извршниот Одбор на СДСМ покрена иницијатива за исклучување на Петре Шилегов од партијата.

Шилегов најави дека утре ќе коментира за психотропни супстанци на одредени личности во партијата.