Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека во еден ден исплатени се повеќе мерки и за земјоделците и за сточарите.

– На сметките на 7.689 лица исплатени се 84,8 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности или попозната како ПОМ. 39,3 милиони денари, пак, се исплатени за сите кои имаат аплицирано и исполнети услови за мерката 1.13 лозов калем и саден материјал, додека 35,3 милиони денари се исплатени за сите кои имаат поднесено и исполнето услови за добивање на поддршка за користење на домашен сертифициран семенски материјал. Исто така во денешната исплата се и близу 27,2 милиони денари за амортизирани несилки, од октомври 2019 до септември 2020 година, 63,6 милиони денари за заклани јагниња во период од јануари 2020 до септември истата година. А на сметките на сите живинари кои имаат заклани бројлери од мај 2019 до септември 2020 година исплатени им се 8,5 милиони денари, информираше Бачовски.

Средствата за субвенции се исплаќаат во еден ден и без селекција, за сите кои правно – законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.