Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон.

Како што соопштија од Агенцијата, нема да се дозволи овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине, па затоа ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот.

„И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан“, соопштија од Агенцијата за спорт и млади.

Повеќе детали директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре во просториите на општина Охрид.