Ужас во познатото египетско летувалиште Хургада. Ајкула нападна млад Русин (23) додека пливал во водата.

Со момчето била и неговата девојка, која за среќа успеала да побегне.

Туристите со ужас од брегот гледале како тигарската ајкула го нападнала човекот пред да успее да го одвлече во водата. Туристот е по потекло од Русија и, според медиумите, долго време престојувал во Египет.

Неговиот татко го гледал фаталниот напад додека очајно извикувал „Тато, тато“ а предаторот го ловел, пренесува „Сан“.