За граѓаните кои нема да развијат антитела и по примањето на втората доза на кинеската вакцина „Синофарм“, треба да се размислува да примат и трета доза од друга вакцина, вели за „Фокус“ Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија.

Микробиологот Никола Пановски на прашањето дали ако не се развијат антитела од кинеската вакцина тоа значи дека лицето не е заштитено од несакани последици од болеста, тој вели дека тоа не се знае, бидејќи нема доказ за имунитет.

Во Македонија од вкупниот број вакцини коишто се стигнати, најбројни се кинеските вакцини „Синофарм“, односно стигнати се над 300.000 вакцини. Според официјално објавените податоци на Министерството за здравство, оваа вакцина е 86 проценти ефикасна против САРС-Ков2 инфекција, 100% ефикасна за превенција на тешка болест.