По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои деновиве примиле вакцина треба да се исклучително внимателни и следните три недели да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита. Ова го напиша министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил, како дел од кампањата за обука за процесот на вакцинација.
Најчести несакани ефекти од вакцината се: Болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa
Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.
Повеќе информации за вакцините на нашиот официјален вебсајт. https://kovid19vakcinacija.mk/za-vakcinite/ , напиша на својот Фејсбук профил министерот Венко Филипче.
За сите наши граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и за оние кои во следниот период ќе се…
Posted by Венко Филипче on Sunday, March 28, 2021