Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска е во посета на Србија за да присуствува на церемонијата на пуштање во употреба на првиот гасен интерконектор меѓу Србија и Бугарија, кој ќе испорачува гас од Азербејџан. Овој значаен проект, познат како гасовод Ниш-Софија, има за цел да ја зголеми безбедноста на снабдувањето со гас во Србија и регионот на Западен Балкан.
Според Министерството за рударство и енергетика, Азербејџан до 2026 година ќе ја снабдува Србија со 400 милиони кубни метри гас годишно, а од 2027 година тие количини може да се зголемат три пати. Проектот за гасоводот Србија-Бугарија е вреден повеќе од 24 милиони евра, а за негова реализација се изградени 109 километри нов гасовод.
Гасниот интерконектор Србија-Бугарија претставува алтернатива за рускиот гас, но од српското Министерството за рударство и енергетика посочуваат дека нема план да престане да купува гас од Русија, но ќе продолжи во согласност со потпишаниот договор. Србија ќе има корист и од транзитот на гас за Унгарија, Словачка и потенцијално Австрија.
Алиев и Вучиќ се сретнаа во Белград во ноември минатата година кога беше потпишан Меморандумот за формирање на Совет за стратешко партнерство, а партнерството беше потврдено на средбата повторно во Баку во декември истата година.