– Со амбасадорката Брнз разговаравме за заедништвото на нашите народи и држави, за стратешкото партнерство и подршката што ја имаме од САД во најважните моменти за нашата држава како и за можноста за вмрежување на граѓаните на локално ниво, рече градоначалникот Костадинов.

По средбата, поради фактот што САД се протагонисти и на процесот на младинско поврзување во регионалните држави, амбасадорката Брнз го посети младинскиот инфо центар „Спојувалка“ во Валандово кој по иницијатива на САД е отворен за поттикнување на соработка и пријателство на младите од прекуграничните региони на Македонија и Грција.

Престојот во Валандово, амбасадорката на САД во нашата земја Кејт Мари Брнз го искорити за посети на гимназијата „Гоце Делчев“, археолошкиот локалитет „Исар“ и на малата семејна компанија „Кувет“ која произведува сок од калинки.