Како што информираат од Министерството за одбрана, во следниот период тој интензивно ќе работи со клучниот сајбер персонал на исполнување на амбициозната агенда на Министерството и заедничките напори за изградба и зајакнување на сајбер капацитетите на национално ниво. Во рамки на предвидените активности се планира развивање на нови т.н. сајбер авторитети и специјализирани сајбер тимови за брз одговор и мониторинг.

Министерката Радмила Шекеринска му посака добредојде на новиот советник на состанокот на кој присуствуваше амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, одбранбениот аташе и претставник од Канцеларијата на САД за одбранбена соработка со Македонија, и рече дека неговата улога ќе биде важна во развојот на нашата сајбер одбрана.

-Северна Македонија и САД уште еднаш покажаа дека сојузништвото има заеднички интереси, но и заеднички цели. Воедно, тоа сојузништво значи и дека стојат зад нас со своите експертски потенцијали, рече Шекеринска.

Американскиот советник истакна дека му е чест да учествува со својата експертиза во оваа сфера, во важен период за најновата членка на НАТО.