Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, вели дека неговата земја не поддржува идеи ниту за Голема Албанија ниту пак за Голема Србија, пренесе Фокус.

САД го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитет на секоја земја од Западен Балкан, дециден е амбасадорот.

Реакцијата на американскиот дипломат се случува по настаните за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Македонија, што предизвика бројни реакции поради знамето со „Голема Албанија“ кое се вееше на собирот.

Албанскиот политички фактор во земјата не го осуди и не се извини за инцидентот.