Крајната десница победи во Австрија
Австриската крајна десница ја оправда поддршката од анкетите. Екстремно десничарската „Партија на слободата на Австрија“ (FPÖ) чиј лидер е Херберт Кикл доби 29,2 отсто од гласовите и го зазеде првото место на парламентарните избори во Австрија, пренесува тамошниот телевизиски канал ORF.
Партијата на слободата триумфира: Радикалната десница победи на парламентарните избори во Австрија
Народната партија на австрискиот канцелар Карл Нојхамер (ÖVP) е на второ место (26,3%), а социјалдемократите се на третото место (20,9%). „Зелените“ доживеаа вистински дебакл добивајќи само 8,7 отсто од гласовите. Па така, „Народната партија“ на Нехамер и Зелените губат 1/3 од резултатот од последните парламентарни избори.
Распределба на гласови
Ваквите резултати ѝ носат одлична позиција на австриската крајна десница во парламентот. Тие ќе имаат 56 пратеници во австриски парламент кој има 183 места. На второ место е конзервативната „народна“ партија со 52 пратеници, а дури на трето место се социјалдемократите кои ќе имаат само 41 пратеник. Партијата Неос ќе има 18 пратеници и зелените само 16 пратенички места.
Дали крајната десница ќе успее да формира влада?
Со овие резултати, крајната десница најверојатно нема да успее да формира влада. Тековниот австриски канцелар Карл Нехамер ќе има можност повторно да бара коалиција со Зелените, но овој пат ќе мора да покани уште еден партнер. Сепак, не е јасно дали екстремната десница ќе успее да формира кабинет. Можно е да се направи коалиција меѓу Народната партија, социјалдемократите и либералите.
Како крајната десница дојде до ваков резултат?
Австријците вчера покажаа дека миграцијата им е поважна отколку екологијата. Истражувањата покажуваат дека претераната либерална политика на претходните влади ги доведе до степен ова прашање да биде убедливо најважно. Изборите во Австрија се симболично важни за цела Европа, бидејќи за прв пат во историјата на земјата победник ќе биде екстремната десница. Австриската Партија на слободата водеше во анкетите пред гласањето. Досега учествувала во влади, но не победила на изборите. Ваква победа на крајна десница не се случила уште од 1945 година. Оваа екстремно десна партија е формирана токму тогаш, а нејзини основачи биле нацистите.
„Партија против естаблишментот“
Австриската Партија на слободата е во подем од 2021 година додека на нејзиното кормило е Херберт Кикл. Нејзините теми се миграцијата, инфлацијата и ограничувањата на Ковид. Консолидирајќи го имиџот на партија против естаблишментот, 55-годишниот Кикел ја водеше својата кампања со слогани како „Храбро пробај нешто ново“. Народната партија се обложи на „Стабилност наместо хаос“.
За што се залага автриската крајна десница?
Народната партија е за олеснување на оданочувањето за напорна работа, поддршка на семејствата, гарантирање места во установи за згрижување деца, зголемување на годините на задолжително образование. Социјалдемократите инсистираат на воведување данок на богатство, данок на наследство, зголемување на корпоративниот данок – според нивоа и параметри. Австриската Партија на слободата повикува на „Тврдина Австрија“ без мигранти, надградба на неутралноста и зајакнување на одбраната.
Честитки од крајнодесничарските лидери
Крајнодесничарските лидери од цела Европа масовно ѝ честитаат на австриската партија на слободата. Марин Ле Пен и Џордан Бардела од Франција, Герт Вилдерс од Холандија, Вајдел од Алтернатива за Германија и белгискиот пратеник Геролф Анеманс беа првите кои јавно честитаа на австриската крајна десница. Тие се едногласни дека Европа се буди.