Агенцијата за национална безбедност (АНБ), за првпат од своето основање, објави јавен оглас за вработување, отворајќи ја вратата за сите компетентни и мотивирани граѓани. Сите кои сакаат, можат да бидат дел од институција со клучно значење за безбедноста и стабилноста на државата.

Јавниот оглас на АНБ е за вработување на осум инспектори-инжинери на неопределено време. Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено Факултет од областа на информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникациско инженерство и најмалку четири години работно искуство.

Кандидатите, меѓу другите услови кои треба да ги исполнат, треба да дадат согласност и за полиграфско тестирање. За кандидатот кој ќе одбие полиграфско тестирање, се смета дека не ги исполнува условите за работен однос.

Образецот за аплицирање е достапен на официјалната веб-страница на Агенцијата за национална безбедност – www.anb.gov.mk во делот „транспарентност“.

„Ова претставува историски чекор во насока на транспарентноста и инклузивноста, кој ја потврдува определбата на Агенцијата да ги следи највисоките стандарди во процесите на човечки ресурси и да им даде можност на сите граѓани што ги исполнуваат критериумите да станат дел од професионален тим посветен на заштита на националните интереси“, велат од АНБ.

АНБ во претходните месеци има значително повеќе активности. Откако на чело на оваа институција дојде Бојан Христовски АНБ има многу активности.

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА АНБ И ХРИСТОВСКИ: Четири лица уапсени, планирале напади на јавни објекти