Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција соопшти дека е објавен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа“.

„Денес имам можност да ве известам за една одлична прилика која во соработка со Европската унија, а овозможена од Министерството за дигитална трансформација ја нудиме за претставниците на приватниот сектор (малите, средните и големите претпријатија), стопанските комори, академските институции од сите нивоа, невладиниот сектор и јавните институции.“ истакна Андоновски

Европската комисија во овој повик има одредени 1,3 милијарди евра за проекти од областа на вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и дигиталните вештини.

Тој потенцираше дека владата веќе втора година го овозможува учеството на заинтересираните во оваа програма

„Како Влада, ние веќе втора година го овозможуваме учеството на сите заинтересирани страни во програмата Дигитална Европа, со навременото уплаќање на членарината и со поддршката кон домашните институции, организации и компании кои ќе одлучат да аплицираат на Програмата.“

Андоновски посочи и дека сите заинтересирани страни е потребно да испрати елаборат до министерството со потребните податоци кој се објавени на веб страницата на МДТ и да се испратат на адресата digital.europe@mdt.gov.mk, најдоцна до 03.05.2025 година.

„Дозволете да ги информирам заинтересираните дигитални иновациски хабови дека денес Министерството го распиша Јавниот повик за заинтересираните дигитални иновациски хабови за учество во консолидацијата на мрежата на Европски дигитални иновациски хабови (EDIHs) со засилен фокус на вештачка интелигенција (ВИ). Финансирањето на ЕДИХ доаѓа од 50% кофинансирање од Програмата за Дигитална Европа, а за останатите 50%, апликантите треба да обезбедат одржливи извори за кофинансирање.“ додаде министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски