Секретарот за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека тие треба да предложат технички премиер, бидејќи во Пржинскиот договор пишува „партијата со најголем број пратеници“, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

„Видете апсурдот до каде оди за таа техничка влада. Кога се преговарала во 2015 година, и тука не амнестирам никого во тие преговори, во тој фамозен член 43 во Законот за Влада се договориле дека номинацијата на техничкиот премиер ќе го прави партијата со најмногу пратеници во Собранието. Во моментов партија со најмногу пратеници е ВМРО-ДПМНЕ“, вели Андоновски.

Тој претходно истакна дека подолго време бараат укинување на техничката влада бидејќи се покажала како неефикасна.

„Ние сме подготвени иако секојдневно кажуваме дека има корупција и не се однесуваат како што треба, да им ја дадеме таа шанса, да ги организираат изборите, да се покажат какви „демократи“ се“, вели Андоновски.