Следната недела започнува протестот на наставниот и ненаставниот кадар на најстариот универзитет во државава Св. Кирил и Методиј.
Сојузот на синдикати на УКИМ за почеток одлучиле својот револт и големото незадоволство од платите и состојбите на УКИМ да го изразат преку мировен предупредувачки протест. Велат, никогаш УКИМ не бил подеградиран и заборавен.
Претседателот на Сојузот на синдикат на УКИМ, проф. Д-р. Ангел Ристов вели дека повеќе од две години водат правна битка а повеќе од една година преговараат за подобрување на опшетствениот статус на наставниот и ненаставниот кадар на УКИМ, но досега немаат добиено никаков повратен одговор од Министертсвото за финасии и Собранието.
Најитно бараат потпшување на колетивниот договор со предвидените четиригодишни проекции за покачување на платите.
Засега не се доведува во прашање “судбината“ на околу 50 000 студенти со полагањето во јунската сесија, но доколку не наидат на слух од Владата, членството дополнително ќе одлучува какви активности ќе бидат преземени.
Тие со отворено писмо се обратиле до Премиерот, Претседателот на Собранието и Министерот за финансии.
Лидер: Дали со ребалансот на Буџетот е предвидено зголемување на платите?
-Со ребалансот на Буџетот , колкку што ни е познато не се предвидени средства за зголемување на нашите плати, поради што се одолговлекува поптпшувањето на колкетивниот договор на ниво на работодавец УКИМ. Повеќе од три месеци од надлежните органи, Собранието и Министерството за финасии нема никаков одговор. Поради ваквиот однос револтот е голем помеѓу вработените на УКИМ. Затоа од идната недела започнуваат протести.
Лидер: Што доколку не наидете на слух од Министерството за финасии, односно Владата?
-Ако нема слух, како што досега беше со години наназад, протестите може да ескалираат пред Влада, а за понатамошните чекори ќе одлучи членството.
Лидер: Што е предвидено со колективниот договор, процентот и динамиката на зголемување на платите?
-Колективниот договор на УКИМ е израз уставно загарантираната автономија, која се неговото непотпишување се ограничува.
Синдикатот повеќе од две години води правна битка и година дена веќе преговара. Нашите барања се системско решавање на платите во наредните 4 години со покачување од по 25%. По однос на нашите барања, нема досега никаков одговор од страна на Министерството за финасии и Собранието, вели проф. Д-р. Ангел Ристов за Лидер.