Во државата има мостови кои се во лоша состојба и претставуваат опасност по безбедноста на граѓаните, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, на денешната конференција на тема „Состојбата со мостовите“.

Ние само ги посетуваме и разгледуваме мостовите, доколку има видливи оштетувања за кои што не треба да бидете експерт. Ако има пукнатини на столбовите, ако има паднат столб не треба да бидете експерт за да знаете дека тој мост не е најстабилен, а можеби не е воопшто стабилен, појанси Ангелов на почетокот од конференцијата.

Тој посочи дека кај мостот на Башино село се прават напори за целосна санација. Додека кај мостото во село Ланце загрозена била стабилноста на мостот.

Во село Ланце заклучивме дека градоначалникот е прилично немоќен, бидејќи станува збор за мост изграден пред педесетина години, тука на еден од столбовите е видлива вертикална пукнатина која верувам дека се одразува врз стабилноста на мостот, преку овој мост минува голем број на граѓани кои ги извршуваат земјоделските обврски, затворањето би предизвикало голем проблем но ваков каков што е не сум сигурен колку е безбеден, рече Ангелов.

ЦУК го посетиле и мостот на реката Пчиња, за кој увиделе дека е во исклучително лоша состојба.

Стапивме во комуникација со градоначалникот од Куманово, веднаш ангажира стручни лица и го извести МВР. Ангажира експерт од Институтот за сеизмички градби и климатски промени. Мостот мора да се санира или да се руши и изгради нов е мислењето на Институтот. Се додека не се преземат мерки за санација мостот е ризичен и треба да се забрани за користење, појасни Ангелов.

Додаде дека и на мостот во влизина на село Секирник кај реката Струмица состојбата, исто така била алармантна.

Состојбата е алармантна, како што може да зебележите на сликите столбот целосно е паднат во вода, еден столб нема, изјави тој.

Извршена била и посета на три моста кај Крива Река, за кои рече дека биле мали, но од животно значење.

Има еден импровизиран мост тоа се диви мостови не се изработени со градежна дозвола граѓаните сами ги правеле и сите три се небезбедни, појасни Ангелов.

Исто така, Ангелов информира дека мостот во Визбегово е во многу лоша состојба и испрати апел до Град Скопје да постави импровизирана ограда.

Информира дека биле известени сите надлежни институции и ги повика граѓаните да пријавуваат било какво оштетување или нестабилност на некој мост.