Нормално и нашата игра со Австрија да видиме каде згрешивме и тоа да го поправиме. Очекувам да бидеме на максимално ниво на денешниот натпревар, додава Ангеловски.

Во однос на тоа дали ќе има промени во играчкиот состав на натпреварот против Украина, рече дека тоа не би го откривал и дека можно е да има една до две промени во почетниот состав затоа што има фудбалери кои располагаат со квалитет.

– Знаеме со каков противник имаме натпревар. Видовме како Холандија ја мачеше до 88 минута од натпреварот. Ова е едно финале за нас и Украина бидејќи победникот од овој натпревар има шанси да се пласира во осмина-финалето, кажа Ангеловски.