-Морам да кажам дека мојата сопруга е болна од коронавирус, додека јас сум овде. Така што морам да кажам дека оваа победа е за неа, за моите деца, тие се мојата најголема поддршка. Исто и за целиот медицински персонал кој се бори со кризата, рече нашиот селектор.
Ангеловски испиша историја, а покажа и дека Македонија е најсилна против најсилните. Така, ремито во Торино против Италија не е повеќе наш најголем подвиг. Победата во Дуизбург вечерва е историски подвиг број еден и прекин на серијата од дваесет години без пораз на Германија во квалификации за Светско првенство.