Селекторот Игор Ангеловски најави поголема минутажа за играчите кои не се во првите единаесетмина.
-Ќе го искористиме овој натпревар како подготвителен тренинг. Можеби ќе излеземе во поразличен состав од оној со Словенија. Сакам да им дадам повеќе минутажа на некои што играат помалку. Казахстан има млад и квалитетен состав, тоа го покажаа играјќи 1-1 со Украина. Што се однесува до здравствениот билтен Ферхан Хасани има мала пукнатина на носот, Стефан Спировски е добар и се врати на тренинзите, додека Енис Барди денес излегува од изолација. Тој ќе може да одработи индивидуални тренинзи додека не добие негативен тест. Ние со нетрпение го чекаме тоа за да се врати на групните тренинзи, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција.
Натпреварот ќе се игра утре од 17 часот на Националната арена „Тодор Проески“.