Според анкетата, 19,3 проценти од испитаниците се изјасниле дека најголема доверба имаат во Мицкоски.

Во Зоран Заев доверба имаат 15,6 отсто од анкетираните.

Анкетата, информира ИПИС, е спроведена телефонски во периодот помеѓу 19 и 22 октомври 2021 на 1102 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари.