Антикорупциската комисија, на денешната десетта седница, со едногласна одлука од седум гласа, покрена иницијатива за постапка против поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Предметот се однесува на сомнеж за неправилна употреба на буџетски средства преку службената картичка за приватни потреби, додека била во Лондон од 24 до 27 октомври минатата година.
Антикорупциска комисија истражува спорни трошоци во Лондон: Службената картичка користена за приватни цели,
По преглед на доставената документација, комисијата утврдила дека вкупно 292 фунти од трошоците се неприфатливи, бидејќи 280 од нив не можат да се квалификуваат како трошоци за репрезентација. Дополнително, 528 фунти биле подмирени со службена картичка на Министерството за култура, од кои 485 фунти, според ДКСК, се ненаменски трошоци и не може да се сметаат за направени во службени цели.
Повлекување на одлуки за управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители
Во втората точка на дневниот ред, Антикорупциската комисија едногласно одлучи да побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги поништат своите одлуки за назначување на членови во управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Според комисијата, овие назначувања се во спротивност со членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, кој забранува членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да бидат на функции во управни тела кои располагаат со државен капитал.
Антикорупциската комисија побара од надлежните институции да преземат соодветни мерки со цел заштита на јавните средства и спречување на можни судири на интереси.