Апасиев ги наброја пратениците.
„Во единицата имаме двајца пратеници на Левица, Апасиев и Хактан, во двојка еден фиксен, нашиот портпарол, во тројка имаме еден фиксен се бориме за втор, за ситно, многу ситно, 200 до 300 гласа се во прашање да влезе покрај Борислав Крмов, Александар Симонов, и така цел президиум да бидеме во Парламент, во четворка влегува Сашко Јанчев фиксно и во петка Јована Мојсоска, првата жена пратеник од Левица“, рече Апасиев.
Она што се залагавме, ни успеа, ја пасокизиравме СДС, ја кутнавме крупната буржоазија што беше наш детски сон уште од транзицијата, на под 20 пратеника, што не го ни сонувавме, нагласи тој.
„Друга значајна победа, и покрај сета наша маргинализација, а фаворизација на Максо, го преполовивме проектот на ЗНАМ на половина од претседателските избори, што повторно покажува дека овој изборен систем повторно не краде, некаде го водиме за 4.000 гласови, а имаме ист број пратеници. Затоа прво барање на Левица ќе биде воведување на една изборна единица. Уште веднаш почнуваме со подготовка за локални избори каде ќе го надминеме и овој скор, да сте ми живи и здрави се надевам дека до сабајле ќе имаме седум пратеници“, рече Апасиев.