Новинарот Љупчо Златев преку Фејсбук статус објави дека Димитар Апасиев проследил компромитирачка информација до десетина колеги новинари за Амар Мециновиќ. Златев поставува прашање дали Апасиев во Мециновиќ гледа конкуренција за идниот лидерски потенцијал во Левица и додава дека дистрибуцијата на информацијата има јасна намера – дискредитирање на кандидатот за градоначалник на Скопје.

Во продолжение го пренесуваме статусот на Златев:

Димитар Апасиев проследил информација до десетина колеги новинари. Информацијата е од професионалното минато на Амар Мециновиќ, точна е и потврдена е. Со неа, сака да го уништи и најверојатно ќе му ја закопа политичката кариера.
Одбив прв да ја објавам како медиум, иако е многу пикантна. Одбив да ја објавам, затоа што со тоа би му ја исполнил желба на Апасиев да го уништи младичот.
Простете ми што не сум доволно професионален…