На 03.12.2022 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, Единица за интервентна полиција, Одделение за Потраги и Одделот за специјални полициски операции извршија акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на с.Арачиново, скопско, при што лишен од слобода А.Д.(40), вработен во еден од локалите. Кај него бил пронајден пиштол “ТТ” и рамка со осум куршуми. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од Кривичниот законик.
Инаку, во рамки на акциската контрола бил извршен преглед на 54 лица затекнати во угостителските објекти и 11 возила.