Владата подготви Пакет од 70 милиони евра за македонските општини, а се што треба да направат општините за да ги добијат парите е да достават проекти до Министерството за транспорт и врски, за што конкретно ќе ги користат парите.

Парите не можат да се вратат бидејќи се заем од Светска банка за развој на локалната самоуправа.

80 општини имаат право да аплицираат, додека сумата што ќе ја добие секоја општина е заснована на бројот на население во таа земја.

За Арачиново, општина каде не се плаќа данок на имот, ќе бидат издвоени 500 илјади евра за реконструкција на патиштата, пишува Вечер.

Во декември Арачиново доби 500.000 евра помош од Владата.