Досегашниот потпретседател и вршител на должноста претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари е единствен кандидат за претседател на партијата до денешниот последен ден за поднесување кандидатури, информираше Сурија Рушиди од Комисија за прием на кандидатури.
Партијата ќе бира нов лидер на вонреден конгрес што ќе се одржи на 18 декември во Тетово.
-Вечерва поминува рокот за доставување кандидатури. Досега пред Комисијата е доставена само една кандидатура на проф. д-р Арбен Таравари, досегашниот потпретседател на партијата и в.д претседател до наредниот конгрес. Статутот на партијата одредува дека кандидат може да биде секој член на партијата која успеал да обезбеди поддршка од најмалку 400 членови на партијата од најмалку пеет ограноци на партијата. Со задоволство можам да ве известам дека Таравар достави кандидатура со поддршка од 1865 членови на партијата, од скори сите функционални ограноци на партијата. Ова е повеќе од доволна бројка за доставување на кандидатурата, истакна Рушиди.
Таравари рече дека е благодарен на сопартијците и ограноците што го поддржале во кандидатурата.
-Ме радува што од сите ограноци депонирам потписи од членовите. Се надевам на 17 декември ќе имам поддршка од делегатите кои што се очекуваат на вонредниот конгрес на АА што ќе се одржи во Тетово, рече Таравари.
На 21 август 2022 поради неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово дотогашниот претседател Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците.
Алијанса за Албанците почна да се формира од 2015 година кога Зијадин Села како член на ДПА го иницираше Движењето за реформи во ДПА. Потоа се формираше и партијата под името Алијанса за Албанците. На 27 март 2022 на вториот конгрес Села беше реизбран за претседател.