62-годишниот Алберто Фернандез ја прими руската вакцина јавно во болницата во Буенос Аирес на 21 јануари, но во петокот добил температура од 37,3 и лесна главоболка, поради што беше тестиран.
За време на викендот направил брз антиген тест, потоа PCR-тест, по што дознал дека е позитивен, пренесува Daily Mail.
– Веќе сум изолиран, го следам валидниот протокол и ги следам упатствата на мојот личен лекар. Контактирав луѓе со кои се сретнав во последните 48 часа, рече Фернандез.
Медицинскиот тим на претседателот рече дека тој е „стабилен, асимптоматски, со параметри во нормални граници“.
Фернандез ги прими и двете дози вакцина Спутник В, првата во јануари и втората во февруари.