Како врховен командант на Вооружените Сили издадов наредба за ангажирање на Армијата за справување со пожарот во реонот на неготинско, по што началникот на генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата за справување со пожарот, напиша претседателката Гордана Силјановска Давовкова на социјалните мрежи.
Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнуваат со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во реонот на планината Серта во неготинско.
Армијата согласно својата мисија и задачи секогаш кога било потребно останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди, напиша таа.